Leviticus 8:15 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот наоколу, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја изли во подножјето на жртвеникот, и го очисти за да се принесува молитва пред него.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот од сите страни, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот, и го освети за да се извршува обредот очистување на гревовите пред него.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И Мојсеј го закла, па ја зеде крвта и со својот прст ја стави на роговите околу жртвеникот. Така го очисти жртвеникот. Другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот; го освети, за да го направи чист.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))