Luke 1:44 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто, ете, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, младенецот заигра од радост во мојата утроба.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав дојде до моите уши, детето радосно заигра во мојата утроба.