Luke 10:21 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: »Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Во тој час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Во тој миг Исус се исполни со радост, преку Светиот Дух, и рече: „Ти благодарам, небесен Татко, Господару на небото и на Земјата, што сето ова им го откри на скромните, а го скри од оние што мудруваат и се потпираат на својот разум. Да, Татко, така сакаше Ти.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Во тој час се зарадува Исус во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Во тој час Исус се зарадува во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си им го открил на децата. Да, Оче, зашто таква беше Твојата волја.“