Luke 11:32 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете тука е поголем од Јона.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И Ниневјаните ќе станат на Судот со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука поголем од Јона.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ниневијците ќе се јават на суд со овој род и ќе го осудат, зашто се покајаа од Јонината проповед, а ете, тука е поголем од Јона!
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
На Судниот ден, жителите на градот Нинева ќе станат и ќе ја осудат оваа генерација, зашто во тоа време тие се покајаа преку проповедањето на Јона. Ве уверувам дека пред вас стои Некој што е многу поголем од Јона, а вие одбивате да се покаете!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И Ниневјаните ќе станат на Судот со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И Ниневјаните ќе се кренат на Судот со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се покајаа преку проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.