Luke 13:15 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но Господ му одговори и рече: »Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
А Исус му одговори: „Колку сте лицемерни! Сите вие си ги одврзувате волот и магарето од јаслите и ги водите на поење и во сабота,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои?
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол или магаре од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои?