Luke 13:34 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилињата свои под крилја, но не сакавте.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
”Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги погубуваш оние, кои се испратени при тебе; колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како квачката своите пилиња под крилја, но не сакавте!
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„Ерусалиме, Ерусалиме - ти што ги убиваш Божјите пророци и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати се обидував да ги закрилам твоите жители, како што квачката ги закрилува пилињата под своите крилја, но не Ми допуштивте!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе, колкупати сакав да ги соберам твоите чеда како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата, но не сакавте.