Luke 17:24 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто како што молњата, која светнува - од едниот крај под небото - и го осветлува другиот крај, така ќе биде Човечкиот Син во Својот Ден.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Не одете по нив да Го барате, зашто, како што молскавицата светка на едниот крај на небото, а болскотот и се гледа до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки на денот на Неговото враќање.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто, како што молњата, кога ќе светне на небото осветлува сѐ што е под небото, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто, молњата, кога ќе блесне, го осветлува она што е под небото од едниот до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки во Неговиот ден.