Luke 21:34 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
„Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој жи­вот, за да не ве затекне оној ден ненадејно;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
”Но, внимавајте на себеси, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, со животни грижи и да не ве затече ненадејно оној ден,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пи­јанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
„Но внимавајте на себе: вашите срца да не натежнат од прејадување, пи­јанство и животни грижи, за да не ве затекне ненадејно оној ден;