Luke 24:12 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случило.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Сепак, Петар стана и со трчање се упати кон гробницата. Тој ѕирна внатре и не виде ништо друго освен платното во кое беше замотано телото на Исус. Потоа се врати дома, во голема недоумица за она што се случило.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случило.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Петар, пак, стана и отрча до гробот, па кога се наведна, ги виде оставени само повоите. И се врати, чудејќи се за она што се случило.