Luke 24:44 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Па им рече: »Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И им рече: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Потоа Исус им рече: „За ова ви зборував уште додека бев со вас, имено, сe што е претскажано за Мене во книгите на Мојсеевиот Закон, на пророците и во Псалмите, требаше да се исполни.“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Па им рече: „Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Па им рече: „Ова се зборовите што ви ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, кај Пророците и во Псалмите.“