Luke 4:35 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Исус му забрани, говорејќи: »Молкни и излези од него!« Па откако го кутна насреде, бесот излезе од него и ништо лошо не му направи.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Исус го прекоруваше, велејќи: „Молкни и излези од него!” Тогаш бесот го кутна на средина и излезе од него, и ништо не му напакости.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А Исус го прекори, говорејќи: „Замолкни и излези од него!“ Па откако го фрли насреде, демонот излезе од него, воопшто не наштетувајќи му.