Luke 6:23 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зарадувајте се во оној ден и заиграјте од радост, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Радувајте се во тој ден и ликувајте, зашто ете, голема е вашата награда на небото. Зашто нивните татковци им правеа исто така на пророците.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Радувајте се кога ќе ви се случува тоа и бидете весели, зашто голема награда ве очекува на небото! Нивните предци им го правеа тоа на пророците.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е вашата награда на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!