Luke 9:10 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А апостолите, кога се вратија, Му кажаа што направиле. Па, откако ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, што се викаше Витсаида.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, што се викаше Витсаида.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога се вратија апостолите, Му раскажаа сè што направиле. И ги зеде со Себеси и се повлече насамо, спроти градот наречен Витсаида.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
По извесно време, апостолите се вратија кај Исус и Му раскажаа за она што го беа направиле. Тогаш Тој ги поведе насамо, на едно тивко место, во околината на градот Бетцаида.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, наречен Витсаида.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А кога апостолите се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде и отиде насамо во пусто место до градот наречен Витсаида.