Luke 9:12 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А денот почна да намалува. И се приближија до Него дванаесетте и Му рекоа: »Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; оти овде сме во пусто место.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А денот почна да намалува. И се приближија до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога денот почна да превалува, Дванаесетте Му пристапија и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди во околните села и селца, за да најде преноќиште и јадење, зашто сме тука во пусто место!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
При квечерината, кај Исус дојдоа Неговите дванаесетмина ученици и Му рекоа: „Пушти ги луѓето да отидат до околните села и куќи и да си најдат преноќевалиште и храна, зашто местово е пусто.“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А денот почна да намалува. И пријдоа до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
При крајот на денот, пријдоа до Него дванаесеттемина и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди да ноќева и да си најде храна по околните села и колиби; зашто овде сме во пусто место.“