Luke 9:32 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Петра и оние, што беа со Него, беше ги совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Петар и неговите другари ги бе­ше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи, кои стоеја со Него.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Петар и неговите другари ги беше совладал сон, но кога се разбудија Го видоа Исуса во величествен изглед, како и двајцата што стоеја со Него.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Петар и оние кои беа со него ги бе­ше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А Петар и оние кои беа со него ги бе­ше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи што стоеја со Него.