Luke 9:42 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И додека тој уште приоѓаше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му заповеда на нечистиот дух, и го излекува момчето, и го предаде на татка му.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И додека тој уште приоѓаше, злиот дух го кутна и почна да го тресе. Но Исус му заповеда на нечистиот дух и го излекува момчето и го предаде на татко му.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И додека му приоѓаше бесот го фрли на земја и почна да го крши; но Исус го прекори на нечистиот дух и го оздрави детето и му го предаде на татко му.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Додека момчето приоѓаше, демонскиот дух го кутна наземи и почна да го измачува. Исус со наредба го изгони демонскиот дух и го исцели момчето, па му го врати на таткото.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И додека тој уште приоѓаше, злиот дух го кутна и почна да го тресе. Но Исус му заповеда на нечистиот дух и го излекува момчето и го предаде на татко му.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И додека тој уште приоѓаше, демонот го кутна и почна да го свива во грч. Но Исус му нареди на нечистиот дух, и го излекува момчето и го предаде на татко му.