Mark 1:27 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: »Што е ова?! И какво е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И сите се зачудија, така што се прашуваа еден со друг, велејќи: „Што е ова? Нова наука - полна со сила! - Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И се ужаснаа сите, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? И како е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И сите се ужаснаа, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Какво е ова ново учење, штом со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?“