Mark 11:15 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Исус и Неговите ученици дојдоа пак во Ерусалим. Влегувајќи во Божјиот храм, Исус почна да ги отстранува сите луѓе кои во храмот вршеа купопродажби. Им ги испреврте масите на менувачите на пари и тезгите на оние што продаваа гулаби.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И пак дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние што продаваа гулаби;