Mark 11:23 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
»Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
”Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој и рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ’Крени се и фрли се во морето!‘ и не се посомнева во своето срце, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.