Mark 12:19 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
»Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.‘
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
„Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
”Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре брат и остави жена, а не остави потомок; неговиот брат да ја земе жена му и да му воздигне потомство на брата си.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„Учителе! Мојсеј ни пропишал дека, доколку некој маж умре и остави зад себе вдовица без деца, живиот брат е должен да ја земе братовата вдовица за жена и да му подигне потомство на својот починат брат.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
„Учителе, Мојсеј ни напиша: ’Ако некому му умре братот и остави жена, а не остави деца, неговата жена нека ја земе брат му и нека му подигне потомство на својот брат.‘