Mark 14:41 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И по третпат дојде и им рече: »Спиете само и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И дојде по третпат и им рече: „Сè уште спиете и почивате!” Доста е, часот дојде! Еве, Го предаваат Човечкиот Син во грешнички раце.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Кога и по третпат се врати, Исус им рече: „Зар и понатаму спиете и се одморате!? Доста беше! Дојде времето Мене, Синот Човечки, да Ме предадат во рацете на грешници.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И по третпат дојде и им рече: „Сѐ уште спиете и одмарате! Доволно е, дојде часот; еве, Синот Човечки се предава во рацете на грешници.