Mark 14:43 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И веднаш, дури Он уште говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратен од првосвештениците, книжниците и старешините.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И веднаш, додека Тој уште зборуваше, дојде Јуда - еден од Дванаесетмината, и со него множество, со мечеви и со стапови; испратени од главните свештеници, книжниците и старешините.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
И веднаш, уште додека Исус зборуваше, пристигна предавникот Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Со себе водеше голема толпа народ, вооружен со мечеви и со стапови. Сите тие беа испратени од свештеничките поглавари, од вероучителите и од народните старешини.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.