Mark 4:1 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И пак почна да поучува покај морето; и се собра околу Него многу народ; Он влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И пак почна да поучува покрај морето. И се собра околу Него многу народ, така што влезе во кораб и седеше на морето, а целиот народ беше на копното, покрај морето.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Покрај брегот на Галилејското Езеро, Исус уште еднаш почна да го поучува народот. Се беше собрал толку многу народ, што Тој мораше да се качи на едно рибарско бротче и оттаму да му зборува на народот кој стоеше на брегот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И Тој повторно почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ, па Тој влезе во коработ и седеше во морето, а сиот народ стоеше на брегот, покрај морето.