Mark 5:13 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И Исус веднаш им позволи. Па, како излегоа, нечистите духови – влегоа во свињите; и се гргнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И тукутака им дозволи и нечистите духови излегоа, и влегоа во свињите, и стадото - околу две илјади - се спушти по стрмнината во морето, и се удавија во морето.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Исус им дозволи и демонските духови излегоа од човекот и влегоа во свињите. Целото крдо свињи, на број околу две илјади, јурна низ стрмнината право во езерото, при што сите свињи се удавија.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна стадото низ стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.