Mark 9:45 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во геената, во неизгасливиот оган,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ако твојата нога те наведува на грев - отсечи ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една нога, отколку со две да бидеш фрлен во пеколот!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И, ако те соблазнува твојата нога, отсечи ја; подобро е за тебе куц да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,