Matthew 1:18 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Светиот Дух.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Светиот Дух.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А раѓањето на Исус Христос се случи вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека таа зачнала од Светиот Дух.