Matthew 11:23 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе слезеш; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудесата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
А ти, граде Кафарнауме што сакаш до небото да се издигнеш! Ете, до адот ќе се струполиш! Да беа во Содом извршени чудата што ги виде ти, тој град до денес ќе постоеше.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до адот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа случиле чудата што се случија во тебе, тој и до денес ќе останеше.