Matthew 13:22 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го за­ду­шуваат словото и тоа останува без род.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А посеаното меѓу трње е оној, кој го слуша словото, но грижите за светов и измамата на богатството го загушуваат словото, и станува неплоден.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Трнливата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака, но прекумерната грижа за овој живот, како и занесот по збогатување ја задушуваат пораката во нив и тие остануваат бесплодни.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа станува бесплодно.