Matthew 17:25 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тој одговори: »Плаќа.« И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: »Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тој рече: „Да.” И кога влезе во куќата Исус го испревари, велејќи: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок, од своите синови или од туѓинците?”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„Секако!“ им одговори Петар. А кога Петар се врати дома, Исус го пресретна и го праша: „Што мислиш, Симоне, од кого наплатуваат данок земните цареви: од сопствените синови или од туѓите?“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го претекна и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓите?“