Matthew 19:20 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Младиот човек Му рече: »Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Во одговор, младиот човек рече: „Кон сето тоа се придржував; што треба уште да направам?“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Младичот Му рече: „Сето тоа сум го запазил од својата младост; што уште ми недостасува?“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од својата младост; што уште ми недостасува?“