Matthew 2:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки новороденчиња во Витлеем и по целата негова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тогаш Ирод, гледајќи дека мудреците го надитрија, многу се разгневи и нареди да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.