Matthew 2:6 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израилот.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ — Израел.‘“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.’
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ти Витлееме, во јудејската земја, по ништо не заостануваш зад водечките градови во Јудеја, зашто од тебе ќе произлезе Водач Кој ќе му биде Пастир на мојот народ Израел.‘“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
’И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу Јудините началства; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“