Matthew 20:23 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И им рече: »Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е приготвено од Мојот Отец.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете; и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку кому е подготвено од Мојот Отец.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И Тој им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи од Мојата десна или лева страна не е на Мене да дадам, туку тоа е за оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“