Matthew 21:9 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
а народот, што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: »Осана на Синот Давидов! Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Осана на висините!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
А народот што врвеше пред Исус, како и оние што одеа по Него, воскликнуваа, извикувајќи: „Спаси ни сега, Давидов Сине! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Спаси ни сега Ти, Кој доаѓаш од небесните височини!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
а народот што врвеше пред Него и по Него, извикуваше: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“