Matthew 22:16 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: »Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И ги испраќаа кај Него своите уче­ници, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од ни­кого, зашто не гледаш кој е кој;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И Му ги испратија своите ученици, заедно со Иродовците, за да Му речат: „Учителе, знаеме дека си вистински и дека во вистина ги учиш луѓето на Божјиот пат, и не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И ги испраќаа кај Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И ги испратија кај Него своите ученици, заедно со Иродовците, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и вистински учиш за Божјиот пат, и не се плашиш од никого, зашто не се водиш според изгледот на луѓето;