Matthew 24:3 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И кога седеше во Елеонската Гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и Му рекоа: »Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе виде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: „Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И, кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“