Matthew 26:31 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш им рече Исус: »Сите вие ќе се соблазните заради Мене уште во оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе Го поразам пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе Ме оставите уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните во Мене, во оваа ноќ, зашто е пишано: „Ќе го удрам Пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Во текот на оваа ноќ сите вие ќе Ме напуштите, како што е претскажано во Светото Писмо:, Ќе удрам по Пастирот, и овците ќе се разбегаат!‘
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано: ’Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘