Matthew 26:47 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Додека Он уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, испратени од страна на првосвештениците и старешините народни.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Додека Тој уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, испратени од страна на првосвештениците и старешините народни.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И додека Тој уште зборуваше, ете, Јуда, еден од Дванаесетмината, дојде со големо множество, со ножеви и стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Додека Исус зборуваше, пристигна предавникот Јуда. Тој беше еден од дванаесетте Исусови ученици. Со себе водеше голема толпа народ, вооружена со мечеви и со стапови. Сите беа испратени од свештеничките поглавари и од народните старешини.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Додека Тој уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу луѓе со мечеви и стапови, испратени од првосвештениците и старешините народни.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Додека Тој уште говореше, ете, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини.