Matthew 27:29 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: »Радувај се, Царе Јудејски!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
исплетоа трнов венец, Му го ставија на главата и Му дадоа во десната рака трска; и, поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“