Matthew 4:24 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа при Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, и бесни, и месечари, и фатени – а Он ги лекуваше.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, фатени, а Тој ги оздравуваше.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Гласот за Него се рашири дури и во Сирија и кај Него ги доведуваа сите заболени од разни болести, луѓе обземени со демонски духови, епилептичари и парализирани и Исус ги исцелуваше.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведоа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, фатени, а Тој ги излекува.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведоа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, неподвижни, а Тој ги излекува.