Matthew 6:5 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
„И кога се молиш, не биди како ли­цемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата на­града.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
„А кога се молите, не постапувајте како лицемерите, кои сакаат да бидат забележани од другите кога се молат по синагогите и по плоштадите. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат по синагогите и крстопатите да стојат и да се молат за да се покажуваат пред луѓето. Вис­ти­на ви велам, тие веќе си ја добиле својата награда.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И, кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да се молат стоејќи по синагогите и крстосниците за да се покажуваат пред луѓето. Вис­ти­на ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.