Matthew 8:28 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца обземени од демони, кои излегоа откај гробиштата; беа толку лоши што никој не смееше да мине по тој пат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И кога дојде на другата страна, во Гадаринската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегоа од гробовите, многу свирепи, така што никој не можеше да помине по оној пат.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Исус пристигна во пределите на Гадара, од спротивната страна на езерото. Таму го пресретнаа двајца обземени со демонски духови, кои излегуваа откај гробните пештери; тие беа толку опасни, што никој не се осмелуваше да минува оттаму.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесомачни, кои излегуваа од гробовите; беа толку лоши што никој не можеше да мине по тој пат.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И кога пристигна на другата страна, во Гергесинската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегуваа од гробовите. Тие беа толку опасни, што никој не можеше да мине по тој пат.