Matthew 8:32 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И Он им рече: »Отидете!« И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И Тој им рече: „Отидете!“ И тие излегоа и влегоа во свињите. И одеднаш сите свињи јурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите; и ете, целото стадо се стрча низ карпата во морето, и загина во водите.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
И Тој им дозволи, а тие, излегувајќи од обземените луѓе, влегоа во свињите. Наеднаш, целото крдо свињи јурна низ стрмнината право во езерото и се удави во водата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И Тој им рече: „Отидете!“ И тие откако излегоа, отидоа во свињите. И одеднаш целото крдо свињи јурна низ стрмнината во морето и се издавија во водата.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И Тој им рече: „Отидете!“ И тие, откако излегоа, влегоа во стадото свињи. И ете, целото стадо свињи јурна низ стрмнината во морето и се издави во водата.