Nehemiah 10:37 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и елеј ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите при домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десетотк во сите градови, каде што имаме земјоделство.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
исто така — да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и од ситниот добиток свој.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Освен тоа првините од житото од плодовите на секое дрво, од младото вино и од маслото, ќе им ги носиме на свештениците во собите на Домот на нашиот Бог; а десетокот од својата земја на левитите, зашто левитите го земаат десетокот во сите места каде што работиме.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјоделство.