Numbers 14:18 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
‚Господ е долготрпелив и многумилостив и вистинит, Кој ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите, и не остава без казна, а за беззаконијата на татковците ги казнува децата дури до третото и четвртото колено.‘
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
‚Господ е долготрпелив и многумилостив, Кој ги простува беззаконијата и престапите, и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
‘Господ е долготрпелив и многумилостив; ги проштава беззаконијата и престапите, но не го остава виновниот неказнет, туку го казнува безаконието на татковците врз децата до третото и четвртото поколение.’
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
‚Господ е долготрпелив и многумилостив (и вистинит), Кој ги простува беззаконијата и престапите (и гревови­те), и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘