Numbers 18:21 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од си, што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
„А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ што има Израел, за службата нивна што ја вршат во скинијата на собранието.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
„Еве, на Левиевите синови им ги давам во наследство сите десетоци во Израел за нивната служба - за службата што ја вршат во Шаторот на средбата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ, што има Израил, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на собранието.