Numbers 20:12 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И им рече Господ на Мојсеја и Арона: »Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја пројавивте Мојата светост пред очите на синовите Израилеви, вие нема да го воведете тој народ во земјата, која Јас му ја давам.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон: „Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја засведочивте Мојата светост пред очите на синовите израелски, вие нема да го воведете тој народ во земјата, што Јас му ја давам.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Господ им рече на Мојсеја и на Арона: „Бидејќи немавте вера во Мене, за да ја јавите Мојата светост пред очите на Израелевите синови, вие нема да го воведете народов во земјата, што му ја давам.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон: „Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја засведочивте Мојата светост пред очите на синовите израилски, вие нема да го воведете тој народ во земјата, што Јас му ја давам.“