Numbers 32:33 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И им го даде Мојсеј – на Гадовите синови и на Рувимовите синови и половината од племето Манасиево, и на синовите Јосифови – царството на Сион, аморејски цар, и царството на Ог, васански цар, земјата со градовите нејзини и околностите нивни, – градовите на земјата наоколу.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И им го даде Мојсеј — на потомците на Гад и на Рувим и на половината од коленото на Манасија, синот на Јосиф, — царството на Сихон, аморејски цар, и царството на Ог, башански цар, земјата со градовите нејзини и околиите нивни, — градовите со земјата околу нив.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така Мојсеј ним - на Гадовите синови, на Рувимовите синови и на половината од Манасиј, племето на синот Јосифов - им ги даде: царството на аморејскиот цар Сион и царството на васанскиот цар Ог; земјата со градовите во нивните меѓи, градовите на соседната земја.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И им го даде Мојсеј – на потомците на Гад и на Рувим и на половината од коленото на Манасија, синот на Јосиф, – царството на Сион, аморејски цар, и царството на Ог, башански цар, земјата со градовите нејзини и околиите нивни, – градовите со земјата околу нив.