Numbers 36:3 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго племе на синовите Израилеви, тогаш нивниот дел да се одземе од делот на татковците наши и да се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени, и да се одземе наследството нивни од делот, кој што ни се падна со жреб нам;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго израелско племе, тогаш нивниот дел ќе се одземе од делот на татковците наши и ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени; и така ќе се одземе наследството нивно од делот, кој ни се падна со ждрепка нам;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но ако тие се омажат за некој од друго израелско племе, тогаш нивното наследство ќе биде оттргнато од нашето дедовско наследство и ќе биде приклучено кон наследството на племето на кое тие ќе му припаднат. Така ќе биде одземено наследството што со жрепка ни припадна нам.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго израилско племе, тогаш нивниот дел ќе се одземе од делот на татковците наши и ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени; и така ќе се одземе наследството нивно од делот, кој ни се падна со ждрепка нам;