Numbers 4:14 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
да ги стават одозгора сите сосуди негови, со кои се служат во нив – кадилата, виљушките, лопатките и чашите, сите сосуди на жртвеникот – да го покријат со покривка од сини кожи и да го постават на носилка. И да земат пурпурно платно, да го покријат умивалникот и подножјата негови, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носилка.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него — мангалите, виљушките, лопатките и ча­шите — сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Нека го положат врз него сиот прибор што се употребува во службата: кадилниците, вилушките, лопатчињата и чиниите - сите садови за жртвеникот. Тогаш нека распрострат преку него покривка од јазовечка кожа. Потоа нека ги наместат носилата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него – мангалите, виљушките, лопатките и чаши­те – сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење. (И да земат пурпурно платно и да го покријат мијалникот и неговите подножја, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носила).